|
Од сега купување и на корисниците на YouTube во пакет |
|
Од сега купување и на корисниците на YouTube во пакет

По продажбата на пријателите на Twitter и Facebook, австралиската Интернет страница uSocial дојде на идеја да ја прошири својата понуда и на посетителите на YouTube, сајт за разменување на видео содржини.
Имено, за одредена сума може да се купат посетители на YouTube, кои ќе видат одредена снимка. Во понудата има различни „пакети“ од 5.000 до 100.000 корисници по цени од 127 до 530 евра.
Налогот се презема во рок од 24 до 48 часа, а на „испорака“ треба да се чека меѓу седум и 12 денови. Целта на оваа акција пред се е од комерцијална природа.
- Видео маркетингот е многу ефикасно орудие. Со помош на нашите методи, непозната снимка може да им биде прикажана на илјадници луѓе, што некому може да му uSocial, Лион Хил.
Како посебна поволност Хил нагласи дека купувачот може да избере и одредена категорија корисници.
YouTube досега не реагираше на ваквата информација, додека Facebook ги предупреди своите корисници дека секој кој ќе „купува“ пријатели ќе биде исфрлен од сајтот.

|