Autos & Vehicles

Results 1 - 10 of 617

User Blogs/Autos & Vehicles
Author:jelena
Надградете го Firefox! Откако беше лансирана во јануари оваа година, новата верзија на Mozilla Firefox 3.6 досега е преземена од околу 100 милиони корисници, барем ако се верува на службените наводи. Сепак, одреден број на корисници решија да се задржат на старата верзија на овој веб прегледник, па поради тоа од Mozilla сега планираат тоа да ги променат. Корисниците кои до сега не ја надградуваа својата верзија на веб пребарувач од оваа недела ќе бидат предупредени со pop-up прозорец дека треба да ја симнат најновата верзија. На корисниците ќе им биде понудено веднаш да го надградат својот прегледник, а ако тие тоа го одложат, тогаш за 24 часа ќе бидат предупредени повторно. Ако сакате рачно да си ја симнете најновата верзија на овој прелистувач тогаш стиснете на копчето „Check for Updates“. Ако сте корисник на Firefox, тогаш ве советуваме веднаш да си го надградите вашиот прелистувач бидејќи со тоа вашето сурфање на интернет ќе биде посигурно.
Wednesday, 17 March 2010 | Print | PDF |  E-mail | Report
User Blogs/Autos & Vehicles
Author:jelena
Уред ги чита мислите на луѓето? Британските научници дизајнираа уред кој може да ги чита мислите на луѓето, соопштија медиумите од островот. Направата с уште не е способна за откривање на некои детали, меѓутоа претставува прв чекор во таа насока, наведуваат медиумите. Научниците од Универзитетот College во Лондон побараа од испитаниците да гледаат три филма и потоа да размислуваат за она што го виделе. Направата прво го скенирала нивниот мозок и во 45 отсто од случаите успешно открила кој филм им бил на памет. Според истражувањето кое што е објавено во магазинот Current Biology, делови од мозокот различно се активирале кога испитаниците размислувале за различни филмови. - Особено интересно ќе биде кога ќе вклучиме повеќе луѓе во сложените секојдневни случувања, изјави професорката Елено
Wednesday, 17 March 2010 | 2 hits | Print | PDF |  E-mail | Report
User Blogs/Autos & Vehicles
Author:jelena
Земјата се затоплува, луѓето се тресат од студ Што се случува со времето кое не го мериме со часовник: вo многу делови од светот патиштата се завеани во снег, улиците се замрзнати и има снежни невремиња? Климата и во минатото многу се менувала во долги периоди, слично на нишало кое некој силно го занишал. Се менувале многу топли периоди на поголемо пространство на планетава, без замрзната покривка на половите, како и леден период во кој дел од умерениот појас го прекривал подебел слој на мраз. Земјата повторно ја тресе грозница: до крајот на векот живата во термометарот ќе се искачи во просек за осум, а во тропските предели, кои и така се потопли, за 5 степени. Земјата ќе влезе во период налик на тој пред 55 милиони години, кога настапило големо затоплување, со речиси ист раст на температурите од вулканскиот пепел и прашина. Тогаш немало двоножни разумни суштества со термометри да ни остават сведоштво. Поминаа 200.000 години - за геолошкиот часовник трепкање на окото, за човекот тоа е многу долг период - пред да се врати во сегашната состојба. Се проценува дека од вулканската лава во атмосферата се исфрлиле од 0,3 до 3 тератони (1.000 милијарди тони) јаглерод, кој се споил со кислородот и направил „пеколен јаглерод диоксид“ (Ако не знаевте пеколот постоел? А за рајот прашајте некој друг). Исто така и во наше време е отпуштено најмалку половина тератон над дозволената мерка. Пресвртница Гасовите од кои настанува т.н. стаклена градина (ги пропушта сончевите зраци, но не дозволува да се вратат) денес се искажуваат во износ од 380 честички на милион, а пред индустриската револуција биле 275. Пресметано е дека горна граница е 400, над која климатските промени се неповратни. Ако се продолжи со ова темпо - а нема знаци дека ќе се прекине - горната граница ќе ја стигнеме за 10 години. Дали нашата планета ја надмина „точката од која нема враќање“ - таа се затоплува, а луѓето се мрзнат? Кога целиот мраз и снег би се стопил, морињата и океаните ќе пораснат за 60 метри! За сега е извесно дека антарктичките ледници, „успаните духови“ се будат од долгиот сон и полека ја разблажуваат солената вода, што ќе го загрозат најголемиот „синџир на исхрана“. Истовремено 142 од 144-те глечери се повлекуваат од највисоките планини во светот. Со проучувањето на мразот на длабочина од три километри откриено е дека во изминатите 650.000 години јаглерод диоксидот ниту еднаш не ја надминал денешната концентрација! Ако се продолжи со досегашното темпо, за 50 години ќе исчезнат една четвртина од копнените животни и растенија, а тоа е еден милион живи видови! Лошите прогнози се поклопуваат со извештаите на многу меѓународни истражувачки установи, иако Обединетите нации неодамна одлучија клучните наоди уште еднаш детално да ги проверат, имајќи предвид некои спорови и недоречености. Климатолозите очигледно се во забуна. Беше обелоденето дека при подготвување на извештајот (повеќе од 1.000 страници) за светскиот самит во Копенхаген кон крајот на минатата година, додадени се некои предупредувачки податоци. Зарем е чудно што пред неколку дена речиси секој втор (48 отсто) од 1.014 возрасни жители на САД во анкета за „Галуп“ изјавија дека планетарното затоплување - е пренадувано! Поддршката за две години падна за седум отсто - од 40 на 33. Сосема е извесно дека го пропуштиле оспорувањето на осум климатски заблуди кои во 2007 година ги објави Кралското друштво на Велика Британија. Заклучок: научното разбирање за климатските промени звучи доволно убедливо кога се вели дека гасовите што го предизвикуваат ефектот на „стаклена градина“ (јаглерод диоксидот, метанот и други) предизвикуваат глобално затоплување. Расте недовербата Сакале ние или не, живата во термометарот се покачува, најверојатно (повеќе од 90 отсто) како последица од таложењето на јаглерод диоксидот во атмосферата. Дали може тоа да го знаеме со точност? Не, а зошто? Бидејќи личи на „руски рулет“ револвер со девет од десет куршуми. Кој сака да ја проба среќата? На крајот на јануари Институтот „Годард“, под покровителство на НАСА, објави дека деценијата која ја испративме (2000-2009) била најтопла од 1880 година, а за тоа е виновен гасот јаглерод диоксид. Со речник на физичарите, на сцена стапува повратна спрега: таложењето на гасот ги зголемува температурите, а растот на температурите го зголемува количеството на гас. Но, човекот не е единствениот виновник за климатските промени, ќе ги спомнеме отстапките на Земјината орбита (Миланковиќевите циклуси), ерупциите на Сонцето, избивањето на вулканите и природното испуштање на некои штетни гасови. Ако не сте знаеле, постојат непознати работи кои научниците не ги расветлуваат до крај, а се вклучени во две климатски причини: колку ќе се затоплува поради „стаклената градина“ и како екосистемите ќе одговорат на глобалното затоплување? Меѓутоа, во изминатите 20 години забележано е дека се потопло е и на Марс, Јупитер, Нептун, Плутон и најголемиот сателит на Нептун, Тритон.
Wednesday, 17 March 2010 | Print | PDF |  E-mail | Report
User Blogs/Autos & Vehicles
Author:jelena
Facebook првпат го надмина Google во неделна веб посета Интернет сајтот за онлајн дружење Facebook го надмина пребарувачот Google и го зазеде местото на најпосетувана веб страница во САД, објави истражувачкиот кабинет „Експириан Хитвајз“. Учеството на Facebook во вкупните веб посети минатата недела изнесувало 7,07 отсто, а на Google 7,03 отсто, што е мала но симболична разлика. Facebook досега никогаш не го надминал Google во посетите за време на цела седмица, иако бил најпосетуван сајт во текот на неодамнешните празници кои се прославуваат кон крајот на годината.
Wednesday, 17 March 2010 | Print | PDF |  E-mail | Report
5. heheehe
User Blogs/Autos & Vehicles
Author:jelena
hahahhaha onaj ko otvori ovu stranicu je najpametnii ustvari naj .......
Wednesday, 17 March 2010 | Print | PDF |  E-mail | Report
User Blogs/Autos & Vehicles
Author:AnaMarija
Британските научници дизајнираа уред кој може да ги чита мислите на луѓето, соопштија медиумите од островот. Направата с уште не е способна за откривање на некои детали, меѓутоа претставува прв чекор во таа насока, наведуваат медиумите. Научниците од Универзитетот College во Лондон побараа од испитаниците да гледаат три филма и потоа да размислуваат за она што го виделе. Направата прво го скенирала нивниот мозок и во 45 отсто од случаите успешно открила кој филм им бил на памет. Според истражувањето кое што е објавено во магазинот Current Biology, делови од мозокот различно се активирале кога испитаниците размислувале за различни филмови. - Особено интересно ќе биде кога ќе вклучиме повеќе луѓе во сложените секојдневни случувања, изјави професорката Еленор Магире.
Wednesday, 17 March 2010 | Print | PDF |  E-mail | Report
User Blogs/Autos & Vehicles
Author:AnaMarija
Мистериозната насмевка на Мона Лиза во суштина е трик кој е направен со специјална сликарска техника, тврдат научниците. Австриските невролози тврдат дека нејзиното лице изгледа потполно различно во зависност од тоа на кој дел од нејзиното лице е фокусиран погледот. Доколку започнете да гледате во делот на нејзините очи ќе забележите суптилна насмевка , но ако прво ја погледнете устата насмевката исчезнува. Професор Флориан Хутзлер од Центарот за неурокогнитивни истражувања во Салцбург тврди дека Леонардо да Винчи искористил специфична сликарска техника со цел да го збуни оној кој го гледа делото. Кога се гледа директно во сликата благо затемнетите слоеви околу устата на Мона Лиза се неутрални, но со еден периферен поглед насмевката веднаш се воочува. -Насмевката на Мона Лиза е скриена. Кога гледате директно во нејзината уста забележувате фини детали, насмевката исчезнува и останува само неутрален израз на лицето, истакнува Хутзлер.
Wednesday, 17 March 2010 | Print | PDF |  E-mail | Report
User Blogs/Autos & Vehicles
Author:sofi vu4kovska
Оди човек кај доктор и се враќа тажен. Жената: - Што ти е? - Бев на доктор ме прегледа и ми даде да пијам таблети. Ми рече дека морам да ги пијам до крајот на животот. - Што има лошо овде? - Па ми даде само три таблети.
Tuesday, 16 March 2010 | Print | PDF |  E-mail | Report
User Blogs/Autos & Vehicles
Author:sofi vu4kovska
Маж поминува ноќе низ гробници и јаде баничка. Одеднаш од темното се појавува рака: - ДАЈ!!! - Шшшштттттоооо ббаничкааата ли? - Не. Хартијата!
Tuesday, 16 March 2010 | 1 hit | Print | PDF |  E-mail | Report
User Blogs/Autos & Vehicles
Author:sofi vu4kovska
Џемс Бонд си купил нов и многу брз автомобил. Се качил во него го возел со огромна брзина се удрил во една бандера и го однеле во болница. После долго време тој се разбудел и видел еден старец решил да се запознае со него и му рекол. - Јас сум Џемс Бонд. Старецот му одговорил: - Јас сум Петар Свети Петар.
Tuesday, 16 March 2010 | Print | PDF |  E-mail | Report

<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>
Page 1 of 62


Powered by AlphaContent 4.0.15 © 2005-2010 - All rights reserved

Disclaimer

Important: All images are copyrighted to their respective owners. All content cited is derived from their respective sources.